Ехеј, доста трошиш, немаш пари
John Kestner, продукт дизајнер на Massachusetts Institute of Technology Media Lab, има интересна мисија. Тој добил инспирација да направи...
...паричник кој во секој момент ќе може да ви каже колку пари имате на дебитната картичка.
Овој паричник ќе пристапи до вашата сметка во банка преку Bluetooth технологија и потоа ќе ви даде одговор како стоите со вашиот буџет и дали ќе имате доволно за да купите нешто во моментот.
Постојат три модели со различен дизајн. Првиот е Peacock design, кој се зголемува или се стеснува во зависност од тоа колку пари имате на сметката.
Вториот е Mother Bear design, кој колку помалку пари имате станува се потежок за отворање. И третиот е Bumblebee design, кој вибрира секогаш кога трошите пари.