Идеален подарок: гламурозен телефон од милион фунти
Некои мобилните телефони се толку гламурозни и скапи така што претставуваат прави уметнички дела, рачно создадени од платина, злато, рубини и кристали...
... и имаат цена од неколку милиони фунти. Без разлика на цифите, некои среќни дами може ќе си ги најдат овој поклон под Новогодишната елка.
Оваа играчка е најбарана од припадниците на високото друштво, а најчесто ќе можете да ги видите во рацете на богаташите од Дубаи, дамите од Беверли Хилс, деловните луѓе од Сингапур, Русија и Кина.
Истата фирма лансираше нови, уште полуксузни мобилни уреди кои се најдоа високо на листата на најпосакуваните подароци за овие празници. Неговто име е Boucheron 150 и за изградбата на овој лепотан од челик и злато потрошено е преку две илјади саати на човечки труд.
Цената која мора да ја платат и славните и богатите е милион фунти, а сопствениците на компаниите не се сомневаат во неговиот успех, без разлика на светската економска криза.
Уште една сјајна играчка која со цената не заостанува зад овие лепотани, е мобилниот телефон GoldVish. Неговата цена е од 16 до 103 илјади фунти. Во оваа конкуренција влезе и Диор кој нам ни го нуди црниот софистициран мобилен полн со дијаманти за само 15 илјади фунти.
Да не речете сега дека немате идеа за поклон за Новата 2009-та