Водоотпорен, целосно безбеден, безжичен - Дали Mi Plug е штекерот на иднината?
Студентот по дизајн на Нортумбрија унивезитетот, Вил де Брет го редизајнираше штекерот и продолжениот кабел, правејќи го без приклучоци.
Штекерот на иднината е наречен Mi Plug и користи безжична технологија за да ја пренесе електричната енергија помеѓу штекерот и утикачот така што и двата се потполно затворени во пластика.
Ова значи дека нема да има метални делови како во сегашните штекери и утикачи, што значи дека дизајнот е многу побезбеден за користење.
Дизајнот е, исто така, целосно водоотпорен, па дури може да се користи и под вода, а фактот дека нема дупчиња на него значи дека децата нема да може да пикаат прсти или други предмети во штекерот.
Штекерот има стандардна квадратна форма со кружно вдлабнување, а утикачот е пластичен диск кој само налегнува на штекерот.
Утикачите, исто така, можат да се редат еден на друг и на тој начин еден штекер може да прими дури осум различни потрошувачи, што значи дека нема да имате потреба од продолжен кабел.
(О)Милена | Црнобело