Мобилните во 2020 година
Сите производители на мобилни телефони веќе почнаа да вградуваат екрани на допир. Бидејќи ова е опција која ја има скоро секој мобилен телефон...
...сега фокусот е на дополнителни карактеристики, занемарувајќи го корисниот екран на допир.
Секако, екраните на допир нема да исчезнат, но откако го направија својот бум, сега веќе сите го имаат. Во тој момент, знаете дека е време за нешто ново, нешто што повторно ќе го освои нашето внимание.
Дизајнерот Hiromi Kiriki решил да го прифати тој предизвик и да направи нешто што би можело да биде најпосакуваниот мобилен телефон во 2020 година. Изненадувачки, тој е хибрид од сè!
Содржи холографска тастатура и еластичен нано екран кој ќе го промени начинот на кој гледаме видео материјали. Замислете ја можноста да ја користите тастатурата додека возите, а при тоа без проблем да го гледате патот пред вас!
Иако изгледа футуристички и дел од дизајните се страшно грди, сепак потенцијалот е голем. Предвидувањата велат дека сите технологии неопходни да се произведе овој мобилен телефон ќе бидат достапни во 2020 година.