Андроид: Skopje Taximeter
Предизвиците за најдобра Андроид апликација придонесoa да се појават голем број на интересни македонски апликации. По презентацијата на SpotMe...
...продолжуваме со Skopje Taximeter. Следува описот кои ни го испратија креаторите на самата апликација.
Skopje Taximeter е една од најиновативните апликации за мобилни уреди на македонскиот пазар. Станува збор за прва апликација (и едниствена сега за сега) од ваков тип на Android маркетот.
Оваа апликација ја прикажува моменталната цена во реално време додека се возите во такси. Причината за оваа апликација е појавувањето на сé повеќе т.н ”диви таксисти” , кои возат според нивни повисоки тарифи.
Пресметката се прави така што апликацијата се поврзува со GPS. Бидејки за најдобро функционирање со GPS потребно е директен поглед кон сателит, а апликацијата е наменета за во возило, точноста на цената е со толеранција од ±2% , што е сосема во ред.
По “default” внесена е тарифата во моментот кога е правена апликацијата – 22 денари километар, 350 денари еден час чекање,старт 50 денари со вклучени 2 километри. Во подесувањата оваа тарифа може да биде изменета од страна на
корисникот, па така апликацијата покрај за Скопје може лесно да се прилагоди да работи и за во други градови.
Доколку се возите на кратка релација која би ве чинела помалку од стартната цена (50 денари) , ќе ви биде прикажана и реалната цена која го чинела возењето (на пример 35 денари).
Покрај примарниот податок (цената), се прикажуваат и информации за моменталната брзина на движење, средната брзина, максималната постигната брзина, поминат пат итн.
Моментално се работи на додавање на нови можности на апликацијата како што се англиски јазик, зачувување на податоците од секое возење, додавање на мапа итн.
Ова е линкот за симнување директно од мобилен со андроид оперативен систем:
market://search?q=pname:com.SkopjeTaximeter