Како да правите поквалитетни фотки со телефон?
Немаме сите шанса и желба да станеме професионални фотографи, но тоа не значи дека немаме желба за убави и квалитетни фотографии.
Смартфоните се доволно „паметни“ за да направат супер фотка, но со помош на овие 9 трикови тие ќе изгледаат многу попрофесионално.
1. Поставете фокус
Не се потпирајте на авто-фокусот. Мануелно фокусирајте го ликот или предметот.
2. Одвојте неколку предмети кои сакате да ги сликате
Важно е да одредите кои предмети ќе се најдат во рамката на фотографијата. Фотографијата треба да го прикаже она што е најважно. Доколку има премногу додатоци наоколу, ќе изгледа хаотично и лошо.
3. Внимателно со блицот
Заборавете на блицот, посебно ако правите фотографии преку ден. Тој ќе ви даде ефект на „дух“ - бледо лице без црти и контури.
4. Не сликајте со филтри
Филтрите се знак на лош вкус. Наместо филтри, наместете ја светлината, контрастот и острината на линиите.
5. Пронајдете ја вистинската позадина
Освен ако не сакате да имате „пронајди ме“ фотографија, избегнувајте позадина во тон на облеката која ја носите. Одбирајте контрастни и живописни позадини кои ќе ве нагласат, а нема да ве скријат.
6. Внимателно со аголот
Не секој предмет изгледа подеднакво привлечно од еден ист агол. Пример, тефтерот на сликата одозгора изгледа здодевно. Но, ако камерата ја поставите дијагонално, добивате попривлечна глетка.
7. Важно е како го држите телефонот
Никогаш не го држете телефонот со една рака, бидејќи и најмалото тресење може да допринесе до лоша фотка. Стабилноста е клучна, без оглед на тоа дали правите селфи или фотографирате природа.
8. Испланирајте го светлото
Одберете природна светлина која го осветлува главниот објект, а не му создава сенки.
9. Исчистете ја леќата
Пред да го подигнете телефонот со вклучена камера, задолжително пребришете ја леќата. Звучи смешно, но обично прашинките и маснотиите може да се главната причина за лоша фотографија.
М. Д. | Црнобело