Компјутер што гледа и слуша?
Научниците развија нови компјутери кои ги копираат функциите на невроните и начинот на кој тие разменуваат информации. Ваквиот пристап на дизјанирање...
...на компјутери може да доведе до голем напредок на нивните аудио и визуелни функционалности.
Во превод, тоа би значело дека во иднина, компјутерите може да научат да "гледаат" или "слушаат", а не само да функционираат на основа на сензори.
Истражувачите се надеваат дека нивната работа ќе помогне во разбирањето на функционирањето на нервните клетки.
Вештачките невронски мрежи постојат повеќе од 50 години, но нивното функционирање не беше блиску до функционирањето на вистинските неврони.
"Сакаме да научиме да ја користиме биологијата во процесот на создавање на компјутери на иднината. Мозкот е многу покомплексен од невронските мрежи кои ги правевме до сега", изјави доктор Томас Венекерс.
Тој додава дека благодарение на ова истражување, комјутерските компоненти може да станат поинтелигентни и да стекнат конгнитивна способност, како паметење и одлучување.
Тимот на др. Томас работи главно за софтверски симулации, но екипата на професор Стив Фурбер користи неврони како инспирација за производство на нов хардвер.
Целта на неговиот проект наречен Spinnaker е да се направи компјутер кој е оптимизиран за функционирање по примерот на биолошките процеси.
Крајната цел според проф. Фурбер е да се произведе систем кој конторлира милијарди неврони на процесорите од типот на ARM.