Заштита на мобилните од сонце
Жештината не е опасна само за луѓето и животните, туку сериозно може да наштети и на уредите со кои се користиме секојдневно – мобилните...
...телефони и лаптопите. Тие имаат одредена граница по која не би требало да ги предизвикувате.
Мобилните телефони се содржат од 3 загрозени делови – екран, процесор и батерија.
Производителите најчесто во упатството пишуваат дека горната граница на издржливост е 35 степени Целзиусови (Apple за iPhone е конкретен ваков пример).
Издржливоста на лаптопот зависи од процесорот и составот за ладење.
Доколку лаптопот не поседува вентилација, може да дојде до прегревање (iPad и Kindle сами се гасат кога температурата ќе премине 35 степени).
Затоа, мобилните телефони и лаптопите немојте никогаш директно да ги изложувате на сонце, а уште помалку да ги оставате во автомобил каде температурата брзо може да се искачи на 60-70 степени.
Идеални места се оние каде владее температура од 20 степени.
Доколку не можете да ја избегнете топлината, изгаснете ги уредите и вклучете ги кога ќе бидете на нормална температура.