Вистинска револуција во технологијата: Оригами роботи кои се движат
Оригами роботите се рамни листови од метал, коишто се свиткуваат во роботи кои можат да се движат, да се качуваат, и да пливаат.
Овие роботи сè уште немаат практична примена, но претставуваат револуционерен правец во којшто се движи развојот на роботите.
Дури има и варијанта на овој вид на роботи којашто е направена од месо за да може да се движат низ желудникот и цревата.
Од неодамна, научниците на универзитетот МИТ направија оригами егзоскелети за овие роботи.
Овие егзоскелети се направени од пластични листови на коишто се прикачува оригами роботот и се свиткуваат кога ќе се загреат неколку секунди.
Така сега имаме егзоскелети за оригами роботите во форма на брод, егзоскелет со којшто роботот може да едри во воздухот, друг егзоскелет со којшто „оди“ и уште еден со којшто може да се свитка како тркало за да се движи побрзо.
Секој од овие егзоскелети се прикачува на мал оловен бот, кој се нарекува Прајмер.
Ова не е робот онака како што ние ги замислуваме роботите, туку е мала магнетизирана коцка што може далечински да се контролира со помош на магнетни полиња.
Прајмер може да се дотркала до егзоскелетот, да го закачи за себе и да продолжи да се движи со помош на него.
Прајмерот дури може да „носи“ на себе и неколку егзоскелети наеднаш и така да ги комбинира нивните способности.
Сето ова е многу рудиментирано, но е почетна идеја во кој правец може да се движи развојот на роботите.
(O)Милена | Црнобело