Практичен полнач од Нокиа
Велосипедистите кои сакаат да зборуваат на мобилен телефон додека возат, наскоро ќе можат да ги полнат своите телефони додека ги вртат...
...велосипедските тркала.
Од Нокиа претставија полнач за мобилни кој се монтира на велосипедот, а за кој тврдат дека е практичен во земјите во развој каде има ограничен пристап на електрична енергија.
Се смета дека оваа иновација ќе биде посебно атрактивна за еропејците кои се почесто возат велосипеди, посебно за холанѓаните.
“Веруваме дека ќе наиде на голем успех во Холандија. Во Амстердам каде луѓето најчесто користат велосипед како превозно средство ваков полнач е одличен!“
Полначот ќе биде пуштен во продажба во текот на оваа година, а ќе чини 15 евра.