Fujitsu: батерија што трае 18 ч.
Fujitsu – водечкиот произведувач на ИКТ бизнис решенија, го продолжи траењето на батеријата на своите нови преносни компјутери за околу...
... 75% во однос на нивната претходна серија.
“На корисниците на преносни компјутери треба да им се овозможи поголема подршка кога зборуваме за времетраењето на батеријата на нивните преносни уреди”, изјави Chandan Mehta, продуктен менаџер во Fujitsu Technology Solutions.
“Сите ние сме сведоци дека не постои ништо полошо од тоа да имаме работа која треба да ја завршиме и за која ни треба подолго време, за набргу потоа да согледаме дека животот на батеријата веќе паднала во црвената зона.
Батериите кои држат повеќе време им нудат на своите корисници поефикасна работа и подобра подршка. За оние кои постојано патуваат, барањето на извор на струја за да го наполнат својот лаптоп може да биде вистински фрустрирачки ”, додава Mehta.
Lifebook - серијата на лаптопи од Fujitsu отсекогаш задоволувале со траењето и издржливоста на батеријата, а последната генерација на Li-Ion батерии и втора батерија во модуларниот дел, дополнително го продолжуваа животот на батеријата и дополнително ја потврдуваа оваа карактеристика.
Со користењето на напредни технологии, совршената копматибилност на хардверот и LED монитори кои заштедуваат енергија, портфолиото од Lifebook на Fujitsu се поефикасни од било кога досега, а со Lifebook E780 се достигнува траење на батеријата до 18 часа.
Опцијата од Fujitsu наречена "EcoButton" нуди дополнително продолжување на батеријата, со тоа што им се овозможува на своите корисници едноставен начин за заштеда на енергија и продолжување на издржливоста на батеријата.
Само со еден допир на копче, корисниците може да ги префрлат функциите кои бараат навеќе ресурси, како што се Firewire (IEEE 1394), слотовите за картички, оптички уреди како и намалување на светлината на екраните.