6 работи кои ги уништи интернетот

6-raboti-koi-gi-unisti-internetot-povekjeМногу работи ни даде, но некои работи ни ги зема, или промени засекогаш. Поголем број од нас не можат да го замислат животот без интернетот...

 

...кој ни овозможува поглед на светот од дома, дружење, откривање нови нешта и уште еден куп други чуда.

Но, постојат и работи кои интернетот (засекогаш) ги уништи или значајно ги промени:

6-raboti-koi-gi-unisti-internetot

1. Енциклопедија. До пред неколку години енциклопедиите беа најважен извор на знаење за луѓето.

Книгите во кои се собрани сите знаења, денес најчесто собираат прашина на полиците.

2. Совршена поранешна љубов. Без разлика дали сте сами или во сериозна врска, секој од нас понекогаш се препушта на носталгијата и се потсетува на убавите моменти со поранешниот дечко или девојка.

Во мислите поранешните партнери изгледаат речиси совршено, но, денес го имаме Facebook кој ни открива повеќе отколку што сакаме да знаеме, а тоа ја убива носталгичната магија...

3. Расправии со пријателите. Некогаш знаевме со часови да седиме со пријателите и да се расправаме кој е во право за одредени историски, технички, спортски и други факти.

Денес со само неколку клика можеме да ја дознаеме вистината кој е во право и едноставно овие долги разговори почнаа да изумираат.

4. Преслушување музички албуми. Додека некогаш со нетрпение сме чекале да излезе некој албум за да го преслушаме од прва до последна песна, денес симнуваме од интернет само дел од песните кои ни се допаѓаат.

Во последните 10 години продажбата на албуми оппадна за 55%, но истовремено порасна и он-лајн продажбата за некои песни.

5. Правопис. Необразовани новинари и опуштени блогери придонесоа за загрижувачки пад на писменоста на интернет.

Кога на тоа ќе се додадат кратките SMS пораки и твитовите, станува јасно колку правописот пати во денешно време.

6. Тежок пат до славата. Некогаш мораше да изгледате добро и да имате талент за да стигнете до телевизија.

Денес, можете да станете “славни“ преку ноќ – никогаш не било поедноставно да се придобие вниманието на медиумите

Нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg