Слабејте со iPhone апликации
Apple знае дека може да се направат апликации за се и сешто. Овој скап комуникациски уред може да произведува секакви звуци, да ве научи странски...
...јазик или да ги претвори вашите фотографии во цртеж.
Но, може и да ви помогне да останете фит и да одржите здрав стил на живот – и тоа многу поевтино отколку со тренер или нутриционист.
Ова се неколку апликации кои се одлични за тоа:
Спојте го вашиот дневник на вежбање и прерана во едно и следете ги со оваа апликација. Внесувањето податоци може да биде напорно, но пописот на храна е огромен и вклучува имиња – брендови плус категории како вода, кафе, пилешко.
Секој тип храна има точен износ калории, јаглехидрати, влакна, маснотии, калиум и протеини. На графикон се покажуваат килограмите кои сте ги загубиле.
Презафатени сте за теретана? Вклучете ја оваа апликација, вратете го уредот во џеб и продолжете да си ги правите секојдневните обврски, а таа ќе калкулира колку чекори сте направиле, просечната брзина и оддалеченоста.
Дали знаете дека исечена лубеница мора да се фрли по 2 часа? Оваа згодна апликација содржи еден куп податоци како да се исхранувате поздраво.
Ова е една од најпопуларните апликации и нуди повеќе од 230 вежби сортирани според деловите од телот или мускулите, а има и 100 видео инструкции. Можете и да додадете свои вежби.