Најженскиот лаптоп досега
Fujitsu го најави својот нов нетбук кој е дизајниран од жени за жени, а моделот е FMV-BIBLO LOOX M/G30. Создаден е со помош на јапонскиот модел и моден дизајнер...
...Момоко Ери.
Таа ја дизајнираше својата нова колекција на модни аксесоари и облека, вклучувајќи ја и FMV-BIBLO LOOX M серијата на лаптопи. Fujitsu FMV-BIBLO LOOX M/G30 е вистински женски лаптоп кој е во розова боја, декориран со скромни, ненаметливи срциња.
Што се однесува до спецификацијата, овој лаптоп може да се пофали со 10.1” widescreen LCD екран со LED светло и резолуција од 1366×768 пиксели. Тврдиот диск е со големина од 250GB, со меморија 1GB DDR2 RAM, Wi-Fi 802.11a/b/g/n, WiMAX, Bluetooth, SD memory card слотови и 3x USB портови.
Процесорот пак поседува 1.66GHz Intel Atom N450 CPU со интегрирана графика. Овој нетбук доаѓа во пакет со оперативен систем и тоа новиот Windows 7 Starter.
На пазарот се очекува да се појави на 25-ти март, но се уште не е познато колку ќе чини овој убавец.