Microsoft Courier vs. iPad
За разлика од iPhone за кој и до денес нема одговор од конкурентите, Microsoft одлучи цврсто да тргне во битка против iPad. Главниот адут на Microsoft...
...се вика Courier. Новина кај овој уред е тоа што тој ќе функционира како дигитален роковник кој покрај дневните прибелешки и календарот ќе овозможува и сурфање на интернет, снимање на фотографии и видео и читање на книги купени од дигиталната книжарница на Amazon.com.
За разлика од едноставниот изглед на iPad, Courer со својот изглед личи на книга или роковник.
Двата екрани се поврзани меѓу себе како книга која е чувствитeлна на допир, а уредот има и способност да го препознава ракописот на сопственикот.