И кучињата ќе твитаат
По изработка на новата Барби со камера и Барби програмерката, Mattel го претставија и Puppy Tweets, уред кој на Twitter објавува што прави вашето милениче.
Puppy Tweets може да се прицврсти на огрлицата на кучето и да ги следи неговите активности во текот на целиот ден.
Секој пат кога ќе детектира некаква активност, или пак ако забележи дека вашето куче се излежува, уредот ќе објави на Twitter што прави миленичето во моментот.
Уредот преку wireless се поврзува со компјутерот на кој е поврзан USB receiver и испраќа твитови директно на Twitter. Можете да специфицирате колку често Puppy Tweets ќе испраќа пораки.
Моментално, уредот има 500 различни Twitter пораки, а можете да најдете и повеќе на службената веб страница.
Го има во сина и розева боја, а цената сеуште не е позната. Со оглед на тоа што на светот има повеќе од 400 милиони кучиња, се очекува Puppy Tweets да завладеат со Twitter наскоро.