Пронајдоци инспирирани од SF
Дали некогаш сте размислие како изгледал животот пред се пронајдат револуционерни пронајдоци и од каде тие биле инспирирани? Компјутерски вируси...
... мобилните апарати, роботите, интернетот - се само дел од пронајдоците кои биле инспирација од научната фантастика. Проследете ги деталните информации за најинтересните 15 пронајдоци кои се инспирација од научната фантастика (Science fiction - SF).
15) Мобилните
Кога првите мобилни телефони го доживеаа светлото на денот, луѓето почнаа да коментираат дека добиле изуми кои се многу слични на комуникаторите во Стар Трек. Што и не треба да се сфати како случајност. Мартин Купер, изумителот на првиот мобилен телефон, самиот изјавил дека целиот концепт за создавањето на мобилниот телефон се заснова на ова средство за комуницирање.
14) Подморниците
На инженерите очигледно им беше потребен поттик, кој го најдоа во книгата 20.000 милји под морето на Жил Верн, па да почнат да изнаоѓаат начини за попродлабочено патување и истражување на морињата.
13) Електронските читачи на книги
Во научната фантастика, хартијата е дел од минатото, па често сме биле сведоци на изнаоѓање креативни начини за нејзина замена. Оние од нас кои се веќе заразени со читачите на е-книги, треба да ја насочат својата благодарност кон Даглас Адамс, кој ја „искористи“ оваа направа во својот Автостоперски водич.
12) Електронски егзоскелетон
Најверојатно најпозната сцена од вториот филм на Aliens, е кога Рипли го спасува девојчето, користејќи хидрауличен егзоскелетон.
Најверојатно ова било забележано од некој во воената индустрија, па нивните инженери успејаа да создадат егзоскелетон со кој еден човек може да крене 90тина килограми како да се перце.
А еден изумител од Јапонија, отиде дури дотаму што разви функционално одело идентично како на филмот.
11) Домашно кино
Во книгата на Реј Бредбери, Фаренхајт 451, се спомнува по нешто за овој високотехнолошки изум, а особено за посебните „говорници“ во домовите на луѓето, кои би имале големи тв екрани на еден или повеќе ѕидови, со комплетен звучен систем. Денес, овие изуми ќе ги сретнете во речиси секој дом, а домаќините, најчесто ги викаат „домашно кино“.
10) Компјутеризиран јазичен превод (Автостоперски водич)
Не случајно Алта Виста го одбраа името “Babel Fish” за својот софтвер за интернет преводи. “Babel Fish” потекнуваат од Автостоперскиот водич низ галаксијата, а се вонземјани кои можат да преведуваат од секој јазик, на јазикот кој го разбира оној кој ставил Babel fish во своето уво.
9) TASER
Кога Џек Ковер го разви својот прв прототип за не-толку-смртоносна алтернатива на пиштолите, тој го крсти со акроним составен од: “Thomas A. Swift’s Electric Rifle”. Ковер го крстил својот изум по лик од научно фантастични книгички кои ги читал како дете, а оваа „електрична пушка“, таму ја користеле за лов.
8) Компјутерски вируси
Добро, мораше некој да извлече и лоша поука од целата оваа научна фантастика. Кога истражувачите по грешка го креираа првиот компјутерски вирус во 1975, го опишаа како „црв“.
А терминот кој го искористија, е позајмен од романот на Џон Брунер, The Shockwave Rider, во која едно вакво црвче започнува да ги инфицира компјутерите.
7)Орбитирачки сателити
Авторот Едвард Еверт Хејл е првиот кој ја разработи идејата за сателитот, во својата кратка приказна „The Brick Moon“, но, оваа идеја доживеа вистински научно фантастичен процут кај Артур Кларк, кој ги предвиде сателитите како средства за масовна комуникација.
Една негова статија од 1945 година содржи опис на комуникациски средства кои лебдат во орбитата и обезбедуваат брза глобална комуникација.
Седум години подоцна, светот просведочи за лансирањето на Спутник.
6) Видео/ДВД плеер
Во времето кога грото од светот се радуваше на инвенцијата на филмот во 1890тите, Х.Г.Велс веќе разглобуваше начини да го подобри. Во својот роман When the Sleeper Wakes, човекот открива машина која најверојатно ги запамтува и репродуцира различните филмови за забава.
5) Џебен компјутер
Во 1974, кога повеќето компјутери беа толку големи, што за да имате еден требаше да ослободите посебна соба. Лери Нивен веќе имаше визија за неговата џебна верзија, во The Mote in God’s Eye. „Џебните компјутери“ најчесто се користат за математички калкулации и запишување прибелешки, но со нивните комуникациски фунkции, можеме слободно да кажеме дека она што всушност Нивен го замислил, е денешниот IPhone или Blackberry.
4) Роботи (R.U.R. на Карел Чапек, Метрополис)
Идејата за вештачко создавање на живот кружи низ светов со векови наназад, но терминот „робот“ за прв пат беше спомнат во претставата на Карел Чапек Р.У.Р. (Универзалните роботи на Росум). Сепак, на луѓето им требаше малку повеќе време да ја 'сварат' оваа идеја, па за прв пат човекоидните машини кои можат да бидат контролирани од страна на програмер, пред очите на јавноста се појавија во 1927, во филмот Метрополис.
3) Патувања во вселената
Неверојатниот Жил Верн е инвентивен дури и кога се труди да напише комедија - „Oд Земјата до Месечината“, која излезе во 1865 година, тој ја поврзува својата приказна со тројца мажи кои се обидуваат да стигнат до месечината, лансирајќи се со топ. Некои од неговите теории и пресметки испаднаа неочекувано идентични со оние користени во мисиите на Аполо - тој дури успеал точно да ја предвиди и бестежинската состојба во вселената.
2) Интернет
Интернетот потекнува од книгата на Вилијам Гибсон - Neuromancer. Во неговиот свет, речиси секој има пристап до глобалната компјутерска мрежа, користејќи посебен мозочен интерфејс, кој овозможува инстантна размена на информации. Хм.. звучи познато?
1) Атомска бомба
Не дека е тешко да се замисли огромна експлозија, но Роберт Кроми всушност е тој кој имаше идеја како таа би претставувала реалност. Во The Crack of Doom, тој пишува за оружје кое ја користи енергијата на атомот за да раситни на безброј парчиња речиси две квадратни милји земја. Четириесетина години подоцна, се случи проектот Менхетен.