Прв 3Д порно филм
Bad Girls е првиот порно филм во три димензии кој публиката ќе може да го гледа во домовите. Технологијата која постои веќе со години наназад...
...моментално прави бум заради целата “хистерија“ околу фимот Аватар, а се очекува и вистинско лудило кога на средината на 2010 ќе се појават и првите 3Д телевизори.
Снимањето филмови во 3 димензии наскоро ќе стане правило, а не реткост, па трендот почна да се шири и во индустријата за порно филмови. Првиот порно филм во 3Д издание претставен на годишниот AVN саем во Лас Вегас, го носи името Bad Girls и ги воодушеви посетителите.
“Сигурен сум дека 2010 година е година на 3Д филмовите“ – вели продуцентот Lance Johnson. Неговиот филм ќе се гледа преку интернет, а посебна технологија ќе ги конвертира сликите во реално време во 3 диензии и ќе ги прикажува на 60-инчен екран.
Целокупниот сет до сега чинеше околу 3000 евра, но се очекува уште оваа година 3Д телевизорите да бидат значително поскапи од тенките LCD уреди.