Дигитализирани емоции
Philips неодамна претставија линија на машки и женски интимни масажери, а пред неколку дена се појави концептот за „Rationalizer“, систем кој ги...
...чувствува вашите емоции.
Тој е наменет за луѓе со стресна и ризична работа, како што се инвестициски банкари, брокери и сл. Составот треба визуелно да ги предупреди кода ќе треба малку да “оладат“ или “да застанат на нозе“ пред да донесат ирационална одлука.
Овој систем се состои од две компоненти - Emo Bracelet(нараквица) и Emo Bowl (сад). Во нараквицата се вградени 3 галвански сензори кои го мерат степенот на возбуденост, а кои се прикажуваат со сигнали во боја, преку ЛЕД диодата во садот.
Колку личноста повеќе се возбуди на светлина се гледаат интензивни динамични сигнали кои се прикажуваат со помош на динамични бои, а бојата се менува од жолта преку интензивно портокалова па се до силно црвена.
„Rationalizer“ се темели на напредна технологија која овозможува препознавање на чувствата, претворање на истите во дигитален сигнал, процесирање и интерпретација на сигнали со помош на светлина.