Најчести Фејсбук статуси
Откако Фејсбук овозможи ставање на статуси на почетокот на оваа година, до септември се објавени 45 милиони статуси од 30 милиони посетители, вели главниот...
...оперативен директор на Фејсбук Шерил Сендберг.
Најчесто користени зборови во статусите се за Фејсбук апликациите како Farmville, Farm Town и Social Living.
Ларс Бексторм, специјалист за податоци во Фејсбук, на корпоративниот блог напишал: "Фејсбук им овозможи платформа на програмерите на која можат да креираат голем број на популарни апликации и затоа воопшто и не е изненадување што луѓето зборат за нив. Дури можете да се каже дека оваа година беше година на фармата. Од појавувањето на во јуни 2009, Farmville стана "најозборуваната" апликација на статусите на корисниците, и денес има преку 72 милиони активни корисници."
Втор најчест статус ја содржи кратенката "FML". Бексторм вели: "Значењето на буквата "F" ќе го оставиме вие да го протолкувате, додека пак "M" и "L" значат "My Life".
Свинскиот грип е трет на листата. Смртта на познатите линости како Мајкл Џексон и Патрик Свејзи, е четвртата најпопуларна тема, додека пак статусите кои зборат за семејствата на корисниците се на петто место.
Ништо изненадувачко кога станува збор за Farmville, нели?