YouTube ќе се плаќа
Најпопуларниот вебсајт за размена на видео содржини планира да воведе плаќање на претплата за одредени услуги, како би ги поттикнале медиските куќи...
...да му доделат лиценци за ТВ емисии или нови филмови да бидат целосно прикажани таму.
Паралелно со кратките секвенци од аматерските видео снимки, кои ги има во најголем број, YouTube настојува да ја зголеми понудата врзана за содржини опфатени со законите за емитување на интегрални верзии.
"Доколку едноставно продолжиме да се насочуваме кон нашиот рекламен модел, тоа би било доста за стварање на доволно можности за поголеми приходи." истакнува еден од главните луѓе, Дејвид Јун.
Според аналитичарите, една од најголемите пречки ова да се случи е тоа што медиумските гиганти се исплашени од потпишување на договор за емитување на своите содржини на YouTube поради уште поголемата можност за пиратерија.
Вториот проблем е тоа што YouTube не успева да ги генерира посакуваните приходи, и покрај големиот број на корисници, иницијативите за реклами и новите начини на комуникација. Освен тоа, огласувачите не дозволуваат нивните реклами да се појавуваат на нелегални видео содржини.
Очигледно дека на YouTube сè уште му гори под нозе, па се прават лавовски напори да се најде начин за профитабилно работење.