Со iPhone до мисијата на НАСА
Американската компанија Apple ја претстави својата нова апликација за iPhone, со помош на која ќе можете да ги следите мисиите на НАСА во...
... вселената.
Со помош на оваа апликација, која е компатибилна и со iPod Touch, им овозможува на корисниците да ги следат сите вселенски НАСА - проекти, моментално прегледување на сите фотографии од вселенскиот простор како и следење на орбиталните локации на вселенското летало на НАСА.
Со помош на кратки текстуални пораки (како и кај Twitter), кои постојано се ажурираат сега и преку iPhone, можно е да ја следите мисијата на американските летала LCROSS / LRO, кои бараат вода на Месечината и ги истражуваат карактеристиките на Месечината или Mars Exploration Rovers мисијата, исто така овозможен е и пристап и до најновите информации во врска со меѓународната Вселенска Станица, вселенското летало Марс Одисеј и следење на мисијата на спејс шатлот.
"На клиентите им се овозможува пристап до НАСА фотографијата на денот, онлајн записи, а сите љубители на вселената ќе може да ги гледаат ѕвездите од три различни прикази", соопштија од вселенска агенција.
Оваа апликација е развиена од страна на научнитие на НАСА од Истражувачкиот центар Ames во Калифорнија.