Ви се ближи венчавката? Симнете си ги овие мобилни апликации
Планирањето на венчавка може да биде доста напорно и да резултира со многу стрес, нервоза... За среќа, постојат апликации кои можат да ви бидат навистина од голема помош.
Од планирањето на буџетот па сѐ до собирање на фотографиите, овие апликации ќе ве натераат да се запрашате како воопшто планиравте да успеете без нив.
Наполнете си ја батеријата на мобилниот и симнете си ги овие 6 апликации:
1. „Lover.ly”- На оваа апликација гледајте како на огромен, невестински „Pinterest”. Тука ќе ги пронајдете сите тренди парчиња, аксесоари и сѐ останато што и е потребно на една невеста.
2. „WeddingWire”- Станува збор за многу корисна апликација, која ќе ви помогне правилно да си го испланирате вашиот буџет и ќе ве информира кога го надминувате.
3. „Eversnap”- Фотографиите се можеби најважниот дел од една свадбена церемонија и сигурно сакате да ги зачувате сите. Само кажете им на најблиските да си ја инсталираат апликацијата „Eversnap” и сите фотографии и видеа ќе ги имате зачувано во еден голем заеднички албум.
4. „Cozi”- Со помош на оваа апликација повеќе нема да пропуштите ниту еден закажан состанок во врска со вашата свадба. Преку апликацијата можете да праќате потсетник до вашите родители, пријатели или партнерот па така никој нема да има изговор дека заборавил и затоа го пропуштил состанокот.