Хакери го користат Твитер
Последните неколку недели беа тешки за популарниот микроблог Твитер. Хозе Назарио истражувач на компанијата Арбор открил нови сигурносни...
... проблеми кои покажуваат на тоа дека хакерите го користат Твитер со цел да ја контролираат мрежата од неколку илјади заразени компјутери и тоа највеќе во Бразил.
Овие мрежи се идентификувани како ботнетови - програм кој овозможува да превземат контрола над нападнатиот компјутер.
Последниот напад на Твитер е опишан како мал, бидејќи ботнет програмите имаат тенденција да управуваат со 100.000 заразени компјутери.
Сепак овие случувања покажуваат дека криминалците стануваат се поинвентивни во обидите за да ги експлоатираат друштвените мрежи, а нивната намера е нивните дела да не се приметуваат.
Ова посебно се однесува на ситуацјата кога луѓето кликаат на разни линкови.