Забрана на аналогна ТВ
Конгресот во Америка донел закон со кој од 12 јуни 2009 година се укинува секоја врста на аналогна телевизија. Како најважна причина за овој потег се...
...наведува безбедноста односно чистиот етер за потребите за комуникација на полицијата брзата помош и јaвните служби.
Воведувањето на дигиталната телевизија ќе донесе подобра слика, повеќе канали и богати дополнителни програми.
Ова и не би била некоја значајна вест доколку отфрлањето на старите аналогни телевизори не би донело зголемување на електричниот отпад што е потенцијална опасност за земјата.
Во најдобар случај овие апарати ја сочинуваат дури целокупната половина од американските апарати кои се користат во домаќинството, па ако оваа бројка ја помножиме со 100 милиони колку се проценува дека моментално има аналогни телевизори во Америка, добиваме 200.000 тони штетен отпад.
Ваква драстична промена тешко дека би се случила во нашата околина но се приметува дека сега за сега голем број на луѓе ги заменуваат старите ТВ уреди и другите електронски уреди со нови, сепак јасно е дека и кај нас се појавуваат вакви е-отпади.