Играјте со телото
Проектот Натал претставен на саемот Е3 е составен од камера и микрофон кои ги пренесуваат движењата на телото на играчот во конзолата...
...и на тој начин се управува со играта.
Мајкрософт на саемот на елетронска индустрија го претставил новиот состав за управување со игрите кој го развиле за својата конзола Xbox 360. Проектот Натал се состои од камера со висока резолуција и микрофон кои ги препознаваат движењата на играчите и гласот се пренесува како команда во играта.
Сличен состав, но далеку поедноставен и примитивен Сони продаваше за старата конзола PlayStation 2, така што ова не е сосема оригинално решение. Меѓутоа Мајкрософт користејќи го напредокот на технологијата отиде чекор понапред во техничката совршеност на својот котролер.
За сега не е познато кога проектот Натал ќе се претвори во комерцијален производ и ќе се пушти во продажба, ниту пак е позната цената по која ќе се продава.