Мобилен на соларна енергија
Еден од најголемите мобилни оператори во Јапонија KDDI au, скоро го објави првиот летен модел на мобилен кој ќе направи револуција на пазарот...
... за мобилна технологија. Имено, компанијата KDDI au во соработка со Sharp, ова лето ќе го претстави воодотпорниот мобилен чија батерија ќе се полни на соларна енергија.
Батеријата на овој телефон ќе биде полна по само 10 минути изложеност на сончева светлина, а други спецификации како на пример, името на мобилниот – се уште не се познати за јавноста.
Оваа вест најмногу ги израдува активистите за заштита на околината кои веќе подолго време го предупредуваат светот за штетните материи од неупотребливите телефонски батерии, кои ја загадуваат природата.
Новиот мобилен на јапонскиот пазар ќе се појави во јуни.