Google+ со нов изглед и нови функционалности
Google направи целосен ре-дизајн на својата социјална мрежа, и ги изненади своите 170 милиони корисници со нова навигација и приказ на профилите.
Една од првите работи што ќе ги забележите е новиот начин на преглед на стримот со објави и ваши постови. Наместо статичното мени на врвот на страната, на левата страна ќе забележите динамична лента со апликации, чиј распоред можете да го персонализирате.
Новитет е секако опцијата да започнете Hangout во живо за конкретен пост и секако опцијата овој сервис да го користете како посебно мени во чии рамки се сите моментални разговори. За да дискутирате за проблематиката на конкретен пост, ќе треба да кликнете на иконата за Hangout под Вашиот пост и да ги поканите пријателите на видео разговор кои во моментот се онлајн.
Интересено е решениeто за заедничко користење на апликации во рамките на сервисот Hangout. Со помош на Google+ Hangouts API ќе можеме да очекуваме апликации за колаборација со пријателите на Google+.
Сите новитети и промени можете да ги проверите директно на Вашиот Googlе+ профил или погледнете го видеото во прилог за сумарен преглед на сите нови опции:
Извор: www.internetmarketing.com.mk