Нереално ниски цени, затворени коментари: Како да препознаете лажна реклама на Фејсбук и Инстаграм?
Не можете да коментирате на објавата
Кај лажните реклами, сајбер криминалците неретко ја исклучуваат опцијата за коментирање бидејќи оние кои ќе ја препознаат лагата или веќе биле измамени, ќе го кажат тоа во коментар.
Немојте да судите само по фотографиите
Денес, особено со алатки како вештачка интелигенција, навистина е лесно да се направи лажна реклама која делува реално.
Затоа, никогаш немојте да „паѓате“ на добриот дизајн на објавата ако сè останато ви изгледа сомнително.
Има многу рецензии со пет ѕвездички на веб-сајтот
Не постои продавница која им се доаѓа на сите, па дури и најдобрите обично имаат помала оценка како 4,6 или 4,9.
Штом повеќето рецензии се со пет ѕвездички или самата продавница има вкупна оценка со пет ѕвездички, тогаш веројатно е лажна бидејќи овие рецензии не се од купувачи.
Секогаш обрнувајте внимание и на бројот на рецензии – порелевантен е продуктот со пониска оценка, но со повеќе рецензии, отколку оној со пет ѕвездички и само десетина рецензии.
Добивате многу прашања
Ако добиете порака веднаш откако ќе лајкнете некоја реклама на Фејсбук или Инстаграм и добивате одговор во истата секунда кога ќе одговорите и вие, тогаш најверојатно не комуницирате со човек.
Некогаш измамниците користат вештачка интелигенција за да ги бомбардираат потенцијалните жртви со прашања, со цел да ги збунат и да ги наведат да ги споделат нивните податоци.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

