Нереално ниски цени, затворени коментари: Како да препознаете лажна реклама на Фејсбук и Инстаграм?
Ако рекламата изгледа премногу добра за да биде вистинита, тогаш најверојатно е лажна и направена со цел да се украдат податоците од вашите платежни картички.
Онлајн измамите стануваат сè почести, но и сè потешки за забележување, особено за луѓе кои не многу се запознаени со тоа како функционираат.
Денес онлајн купувањето е мошне популарно, па дури и брендови што имаат физички продавници, нудат опција за купување преку интернет.
Постојат и многу продавници кои работат само онлајн, како Temu или Ali Express кои се доста користени и кај нас.
Социјалните мрежи, пак, се преплавени со реклами за онлајн продавници, неретко со понуди кои делуваат и премногу примамливо за да се прескокнат.
Па, во морето реклами за сè и сешто, сигурно се прашувавте како да препознаете кога станува збор за релевантна продавница, а кога е само лага.
Секогаш најбезбедно е да купувате директно од веб-сајтот (или апликацијата) од продавницата којашто ја сакате.
Но, кога сакате да и дадете шанса на некоја нова продавница, што сте ја виделе на реклама на Фејсбук или Инстаграм, мора да бидете повнимателни. Бидејќи, ако ги оставите вашите податоци, лесно можат да бидат украдени и злоупотребени.
8 знаци дека рекламата за онлајн продавница е лажна:
Рекламата изгледа премногу добро за да биде вистинито
Некогаш, продавниците навистина нудат големи попусти, но кога станува збор за продавница која воопшто не ја знаете, тогаш веројатно е лага.
Сите сакаме да најдеме што е можно подобра зделка, но кога цената за некој продукт е нереално ниска, најдобро не ризикувајте.
Обично во ваквите лажни реклами е нагласено дека понудата е ограничена или дека завршува за неколку часа, со цел да ве натера да избрзате и да пробате да го купите тоа што се нуди.
Па, најбезбедно е да ги прескокнете сите реклами кои изгледаат премногу добро за да бидат вистинити.
Линкот не почнува со https
Кога ќе кликнете на рекламата, обрнете внимание на линкот – треба да почнува со https, а не http. Штом недостасува буквата s, тоа значи дека заштитата на податоците на веб-сајтот е помала.
Обрнете внимание на ова и ако отворате реклама од позната продавница. На пример, ако го отворите веб-сајтот на Temu, ќе забележите дека линкот почнува со https. Доколку почува со http, тогаш тоа е лажен веб-сајт преку кој сајбер криминалците пробуваат да допрат до вашите податоци.
Кога ќе видите примамлива реклама, секогаш е подобро да ја пребарате продавницата на Гугл, да го отворите нејзиниот веб-сајт и таму да ја побарате понудата за да бидете сигурни дека не е лага.
Треба прво да внесете информации за платежна картичка
Кај секоја релевантна онлајн продавница, податоците за платежната картичка се внесуваат на крајот, откако ќе ги изберете сите продукти што сакате да ги купите.
Но, штом од вас се бара веднаш да ги внесете овие податоци, уште пред да можете да го видите сајтот, тогаш сигурно станува збор за лага.
Профилот од којшто е споделена рекламата ве следи или ви пишува пораки
Некогаш сајбер криминалците прават лажни профили за релевантни онлајн продавници, со цел да ги измамат луѓето.
Ако профил на онлајн продавница (особено позната) ве заследи или почне да ви пишува пораки, на пример со примамливи зделки, најверојатно станува збор за измама или лажен профил и најдобро е да го блокирате.
Ако, пак, ви биде пратен линк од ваков профил, немојте да го отворате.
Кога не сте сигурни дали некој профил е лажен, проверете го бројот на следбеници и реакциите на објавите. На лажните профили неретко има голем број следбеници, но никакви реакции на објавите, бидејќи овие следбеници се купени.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:

