Билки кои испраќаат смс?
Двајца израелски научници создадоа нов креативен уред – сензор преку кој билките можат да пратат СМС порака кога им е потребно наводнување. Уредот...
...неодамна е претставен во Израел, а настана како резултат на 7-годишното истражување кое го вршеле билогот Равех и специјалистот за земјишта Надлер.
Уредот кој потсетува и наликува на чекан, испраќа електрични стуења во корените на билките на територијата на која е поставен, а потоа испраќа смс порака со предупредување дека е време за наводнување на растенијата со вода.
Пораките се испраќаат на мобилен телефон или на компјутер.
Научниците истакнуваат дека моментално работат на развој на поефтина верзија на оваа технологија која ќе се користи во домашни услови, но и за комерцијални цели.
Според специјалистите, новиот уред може да ги намали трошоците за наводнување за околу 50%.