Се отвора SalamWorld - муслимански Фејсбук
Кон крајот на јули, кога за муслиманите завршува Рамазан, ќе започне со работа новата друштвена мрежа, поточно муслиманска верзија на Фејсбук...
...– SalamWorld која ќе биде достапна на 8 јазици.
Креаторите на новата друштвена мрежа тврдат дека ќе биде „почиста“ варијанта на Цукерберговата и дека целта им е за 5 години да соберат дури 50 милиони корисници.
Едниот од сопствениците на SalamWorld, Abdulvahed Nijazo, смета дека постоечките социјални мрежи ја учат младината на погрешни идеали.
- Содржината која се користи не е воопшто сигурна и полна е со „харам“ – изјавил Нијазо.
Харам означува забранети работи за муслиманите кои на Фејсбук и останатите социјални мрежи ги има во изобилие, а според зборовите на на Нијазо, тие не сакаат да направат „интернет џамија“ туку безбедно окружување во кое верниците нема да бидат изложени на искушенија и непријатни ситуации.
Директорот за комуникации во SalamWorld, Саид Садов, смета дека е важно да се сфати дека верските принципи мора да се почитуваат и во секојдневниот живот.
- Како муслиман, мојата работа и вера не можат да бидат разделени. – изјавил Садов.
Во моментов има околу 300 милиони муслимани корисници на интернет. Компанијата SalamWorld веќе привлече внимание на инвеститорите кои во неа вложија милиони долари.