Фотелја која ве одмора за 10 минути
На најголемиот светски саем за информациони технологии CeBIT кој се одржа во Хановер од 6 до 10 март, покрај бројните нови уреди, вниманието на...
...посетителите го привлече една фотелја која за 20 минути ги освежува корисниците исто како да спиеле два часа.
Преставниците на германската компанија „Брејн лајт“ Даниела Бриске, тврди дека фотелјата која ја произведуваат користи звуци, светло и шијацу масажа така што корисникот за неколку минути го доведува до состојба слична на транс.
Произведувачот наведува дека се користат темни очила за сонце и слушалки за уши, а секојдневните проблеми и стресот се исклучени. Преку слушалки се пушта релаксирачка музика и тивки гласови, а низ очилата продира бело светло со различен интензитет.
- Тоа е еднакво на два или три часа длабок сон. Веднаш ќе се чувствувате подобро, изјавила Бриске и додала дека пред почетокот на масажата фотелјата го мери обликот на телото на корисникот и изработува виртуелна мапа со клучните релаксациони зони.
Она што единствено би можело да биде проблем за потенцијалните купувачи е цената која се движи околу 7.500 евра.