Фармерки со вградена тастатура
Beauty and the Geek е името за необичната спојка на фармерки и тастатура што ја смисли младиот дизајнер Erik De Nijs од Холандија. До идеја за...
...средбата на светот на модата и оној на технологијата дошол кога од професорот добил задача да соедини два бренда што навидум немаат ништо заедничко.
Erik решил да си поигра со зададената тема и наместо две фирми поврзал два планетарно познати производа.
Покрај тастатурата што функционира преку bluetooth конекција, фармерките имаат и вградени звучници и бежичен маус.
Ова овозможува слободно движење пред компјутер и иако најголем дел од луѓето во овој дизајн видоа решение за проблемот на предолго седење пред монитор, Erik искрено објасни дека тоа воопшто не му била намерата.
Тој едноставно сакал да направи нешто интересно бидејќи го привлекуваат необични изуми што животот го прават позабавен.
Ако не може да најдете вакви фармерки, наш предлог е барем да пробате вакво сако :)