Моторола отпорна на вода (видео)
Моторола неодамна го оживеа својот бренд RAZR. Моделот означен со RAZR XT910 е уште еден припадник на војската Андроид, но освен овој факт...
...овој мобилен телефон има уште неколку адути во ракавот.
Кога се во прашање техничките карактеристики на RAZR XT910, содржи Супер AMOLED екран со Gorilla Glass заштита, 16GB меморија, процесор со две јадра Cortex-A9, а графиката е PowerVR SGX540 GPU со 1GB работна меморија. Камерата е со 8 мегапиксели.
Сето ова заедно е спакувано во телефон со димензии 130.7 x 68.9 x 7.1 милиметри, тежок 127 грама.
Она со што може да се пофали овој телефон е и отпорноста на вода за што е заслужен нано материјалот со кој е обложен.