Бил осуден на смрт пред 55 години, дури сега постои можност да биде ослободен – Тажната судбина на Ивао Хакамада (87) од Јапонија
- Детали
- вторник, 14 март 2023
Ивао Хакамада од Јапонија изминативе 55 години бил во затвор и секој ден чекал да биде погубен, откако му била изречена смртна казна во 1968-ма. Но, нови докази покажале дека можеби е невин и постои можност да биде ослободен на 87-годишна возраст.
Ивао Хакамада отслужува казна затвор уште од 1968 година. Ивао добил смртна казна за убиство, но наместо да биде погубен, останал во затвор 55 години.
Во 2014-та, Гинис го прогласи и за затвореник со смртна казна кој најдолго е затворен.
Сега, пак, 55 години по пресудата, случајот на Ивао повторно ќе биде отворен и постои можност да биде ослободен.
Ивао е роден во 1936 година и има 87 години. Во 1968-ма добил смртна казна убиството на неговиот шеф, како и сопругата и двете деца на шефот.
На почетокот од судењето пред речиси шест децении, Ивао прво тврдел дека е невин, но подоцна ги признал убиството.
Кога му била изречена пресудата, Ивао тврдел дека бил подложен на брутално испрашување од страна на полицијата, кое вклучувало и тепање, па затоа признал вина.
Ивао се обидувал да го повлече признанието, но многупати бил одбиван.
Во 2014-та се појавиле нови информации за случајот, според кои сосема било возможно некој да ги подметнал доказите според кои Ивао бил прогласен за виновен.
Сепак, судот во Токио повторно го одбил барањето за ново судење.
Дури во 2020 година случајот стигнал до врховен суд каде што судиите дале наредба повторно да се отвори случајот на Ивао. Годинава тој конечно добива можност да се обиде да ја докаже својата невиност.
Во меѓувреме, Ивао е пуштен од затвор додека се подготвува за неговото судење.
Инцидентот за којшто е затворен Ивао се случил во јуни 1966 година, кога домот на неговиот шеф бил зафатен од пожар.
Според Ивао, тој помогнал во гаснењето на пожарот и тогаш ги нашол телата на шефот, неговата сопруга и двете деца.
Сите четворица биле избодени, а од куќата била украдена голема сума пари.
Ивао бил испрашуван и во август истата година бил уапсен, но со многу малку докази. Според адвокатите на Ивао, тој бил испрашуван вкупно 264 часа во текот на 23 дена.
Наводно, на Ивао не му дозволувале да пие вода ниту да оди во тоалет додека траело испрашувањето.
На судењето, самиот Ивао изјавил дека полицајците го удирале со пендреци и го клоцале, додека не признал вина.
Според адвокатот на Ивао, новите докази се многу цврсти и сосема возможно е тој да биде ослободен.
Смртната казна во Јапонија има поддршка од јавноста и речиси воопшто не се дебатира за неа.
Егзекуцијата обично се изведува со бесење.
И покрај добрите вести, адвокатот на Ивао велат дека 55-те години во затвор имале ужасно влијание врз него.
Сите овие години, тој најчесто бил во самица. Уште полошо е што секој ден бил во исчекување да го погубат.
Односно, 55 години, Ивао очекувал секој ден да му биде последен.
Наводно, кога ќе се одредел датумот за егзекуцијата, затворениците обично биле известувани само час-два пред да бидат погубени. Нивните семејства, пак, биле известувани по егзекуцијата.
Случајот на Ивао го привлече вниманието на организациите кои се залагаат за човекови права и кои сметаат дека мора да се промени нешто, бидејќи најверојатно во затворите ширум светот има и други луѓе во иста положба како Ивао.
Спирова С. | Црнобело