Привршува изградбата на православната црква св. Кирил и Методиј во Дортмунд (фото)
- Детали
- вторник, 07 март 2023
После короната интензивно се продолжи со градба на новата црква. Минатата година и почетокот на оваа многу градежни зафати се изведоа и црквата полека блеснува во свој сјај.
Парохискиот свештеник Душко Пецов не го криеше своето задоволство и рече: Голем е Бог во своите дела. Голема е љубовта на целиот верен народ кој постојано е дел од нас преку св.Богослужби и преку даренија -помош овозможи сега да имаме нова Црква.
Народот заслужи, целата Црковна управа постојано кооординираше со сите верници и се што е донирано е вметнато во новата Црква. Ние сме верен македонки народ надвор од Македонија,и не само по збор туку и по дела. Донесовме мермер од Македонија за подот ,за да секој кој кога ќе влезе на молитва да стои на македонско тло и да вознесува молитви.
Дел од фреските се изработени од македонски зограф Славица Михаилова. Македонско дрво преку рацете на Јане Крстески со неговата дружина е преточено во олтар и донесено и монтирано тука во Дортмунд. Парното е поставено од македонски мајстори . И прекрасниот мермер со сонцето од Кутлеш изработено од Горан Павлов и неговите другари. Црковната управа мудро и организирано целосно се вложени во овој објект и постојано допринесуваат за развој.
Остануваат уште мали детали за припрема и освет кој е планиран на 30.04.2023г.
И нема да застанеме тука ,веднаш после осветот пак заеднички ќе вложиме нови сили за да сегашниот објект го доградиме и оформиме во сала,катче за се што е македонско.
За сите генерации од млад до најстар, преку учење на македонски јазик,веронаука,младински секции,хор,цртање пензионерски дом,спортски активности и др.
Од сите и за сите!