„Без телохранители нe оди ниту во тоалет“ – Илон Маск стравува дека вработените во „Твитер“ ќе го нападнат
- Детали
- вторник, 07 март 2023
„Маск е параночиен, не им верува на вработените во Твитер и шета со телохранители насекаде“ – тврдат работените во социјалната мрежа. По големиот број откази и отпуштања најбогатиот човек на светот не спие мирно.
Откако влезе во Твитер и стана сопственик на социјалната мрежа, Илон Маск веднаш почна да дели откази на вработените, но извори од компанијата велат дека по оваа одлука најбогатиот човек не може да седи мирно и постојано стравува за својата безбедност.
Еден анонимен инженер во компанијата за BBC вели дека Маск е параноичен и постојано се шета со телохранители кога доаѓа во седиштето на компанијата во Сан Франциско.
„Кога и да дојде во канцеларијата, со него има барем двајца телохранители – кои се доста крупни и високи, како од холивудски филм.
Тие се со него дури и кога оди во тоалет“ – вели инженерот.
Според инженерот, Маск нема доверба во вработените и постојано стравува од напади додека е во компанијата.
Таткото на Маск, Ерол, во јануари рече дека се плаши за безбедноста на неговиот син, иако е заштитен од дури 100-тина телохранители.
За потсетување, според Bloomberg Маск повторно е прогласен за најбогат човек во светот со богатство од 187,1 милијарди долари откако минатата година забележа рекордни загуби и беше прогласен за првата личност во историјата што успеала дa загуби 200 милијарди во една година.
Б. С. Б. | Црнобело