Водителка на CNN се породи сама дома во бањата: „Бебето се роди за 13 минути, немавме време да викнеме брза помош“
- Детали
- вторник, 07 март 2023
Водителката и национален аналитичар на CNN, Кеси Хант, со фотка на социјалните мрежи откри дека се породила на подот од бањата во својот дом. 37-годишната водителка вели дека таа и сопругот немале време ни да повикаат брза помош, бидејќи бебето се родило за само 13 минути.
Кеси Хант планирала да се породи со царски рез следниот ден, но породилните болки ја фатиле неспремна.
Контракциите биле толку чести и силни, што таа и нејзиниот сопруг Метју Марио Ривера, не стигнале да повикаат ни брза помош, пренесе Daily Mail.
Откако бебето почнало да излегува, тие сепак се јавиле во брза помош, а оттаму добивале инструкции што точно да прават.
„Мојот сопруг и јас сме воодушевени што можеме да ја претставиме нашата ќерка, Греј Хант Ривер, иако таа всушност сама се претстави. Пред да имаме време да се јавиме на Итна Помош, и 24 часа пред да се случи царскиот рез“, напиша Кеси.
Освен ќерката Греј, таа го има и синот Марс, па на една од фотографиите што ги сподели со јавноста, се гледа и како тој првпат ја гледа својата помала сестра.
Инаку, Кеси долги години е еден од водечките национални аналитичари, водител на вести и често известува од случувањата поврзани со Белата куќа.
Таа остана бремена со второто дете откако во октомври 2021 година ѝ бил дијагностициран бениген тумор на мозокот, кој успешно бил отстранет со операција.
А. Ј. | Црнобело