Манекенка со рак во четвртиот стадиум доби венчавка од соништата од дечкото: „Сакав да се омажам пред да ми падне косата“

„Сакав да се омажам со мојата коса, пред да почнам да ја губам поради следната хемотерапија“ - вели манекенката Кели Гарнер која боледува од рак на дебелото црево во четвртиот стадиум. Нејзиниот свршеник, рагби-играчот Џереми Финлејсон одлучил да ја изненади со свадба од соништата.

sakav-da-napravam-svadba-pred-da-padne-mojata-kosa-ragbi-igrach-i-napravi-venchavka-od-sonishtata-na-verenicata-na-koja-i-e-dijagnosticiran-rak-vo-chetvrtiot-stadium-01.jpg

Австралискиот рагбист Џереми Финлејсон (27) ѝ направи свадба од соништата на својата вереница, моделот Кели Гарнер (27), која боледува од рак на дебелото црево кој е во четвртиот стадиум.

Џереми и Кели се венчаа на интимна церемонија на плажата Тенисон во Јужна Австралија, пред дваесетина блиски пријатели и членови на семејството.

Со нив беше и ќерката Софија, која има скоро две години.

Кели првпат дознала дека има рак на дебелото црево на 25-годишна возраст, само три и пол месеци откако ја роди нивната ќерка Софија.

Таа една година одеше на хемотерапија, зрачење и операции, по што нејзините лекари сметаа дека карциномот ќе го снема засекогаш.

sakav-da-napravam-svadba-pred-da-padne-mojata-kosa-ragbi-igrach-i-napravi-venchavka-od-sonishtata-na-verenicata-na-koja-i-e-dijagnosticiran-rak-vo-chetvrtiot-stadium-02.jpg

Но, во јануари таа дознала дека карциномот метастазирал и дека од дебелото црево се раширил и на нејзините бели дробови.

„Сакав да се омажам со мојата коса, пред да почнам да ја губам поради следната хемотерапија“, рекла манекенката по свадбата за австралиски The Advertiser.

Кели и Џереми почнале да разговараат што побрзо да направат свадба.

За три недели направиле план, а им помогнале и од моделинг агенцијата на Кели.

Затоа набрзина успеале да најдат локација, свештеник да ги венча, фустан, костум, цвеќиња.

На гостите им кажале дека ги канат на семеен пикник, а потоа ги изненадиле со романтична венчавка.

sakav-da-napravam-svadba-pred-da-padne-mojata-kosa-ragbi-igrach-i-napravi-venchavka-od-sonishtata-na-verenicata-na-koja-i-e-dijagnosticiran-rak-vo-chetvrtiot-stadium-03.jpg

Според Џереми, Кели сакала свадбата да биде тивка, приватна и „изненадување за сите пријателите кои ќе присуствуваат“.

Церемонијата ја чувале во тајност, па дури ни нивната ќерка Софија (19 месеци) не знаела што се случува. Младенците велат дека им било страв дека може да каже некому нешто.

„Таа е дете што многу зборува. Затоа немаше идеја што се случува, само знаеше дека нејзините омилени луѓе ќе дојдат за време на викендот“, рекла Кели.

sakav-da-napravam-svadba-pred-da-padne-mojata-kosa-ragbi-igrach-i-napravi-venchavka-od-sonishtata-na-verenicata-na-koja-i-e-dijagnosticiran-rak-vo-chetvrtiot-stadium-05.jpg

Advertiser пишува дека иако утрото на свадбата врнело, сонцето излегло во моментот кога Кели тргнала кон олтарот.

Таму, Џереми и Кели ги прочитале брачните завети што си ги посветиле еден на друг.

sakav-da-napravam-svadba-pred-da-padne-mojata-kosa-ragbi-igrach-i-napravi-venchavka-od-sonishtata-na-verenicata-na-koja-i-e-dijagnosticiran-rak-vo-chetvrtiot-stadium-08.jpg

По романтичната венчавка, Кели рекла дека сака да има голема прослава во октомври, кога ќе заврши рагби сезоната во Австралија.

„Ќе направам сè да ја победам болеста и ќе бидам тука за мојот сопруг и за мојата ќерка“, рекла таа по свадбата.

sakav-da-napravam-svadba-pred-da-padne-mojata-kosa-ragbi-igrach-i-napravi-venchavka-od-sonishtata-na-verenicata-na-koja-i-e-dijagnosticiran-rak-vo-chetvrtiot-stadium-06.jpg

Двојката има за цел да помогне во подигнувањето на свеста за опасноста од рак на дебелото црево кај младите луѓе, бидејќи честопати се смета дека ова е болест што ја добиваат само постарите луѓе.

Федералниот оддел за здравство на Австралија им испраќа покани за тестирање на рак на дебелото црево на сите Австралијци постари од 50 години, но Финлејсон сега јавно ги повикува и помладите луѓе да одат на колоноскопија ако мислат дека нешто не е во ред со нивниот дигестивен систем.

sakav-da-napravam-svadba-pred-da-padne-mojata-kosa-ragbi-igrach-i-napravi-venchavka-od-sonishtata-na-verenicata-na-koja-i-e-dijagnosticiran-rak-vo-chetvrtiot-stadium-04.jpg

Кели, пак, признава дека е горда што слушнала за луѓето што ја користат нејзината приказна за да ги убедат своите матични лекари да им понудат колоноскопија.

Моделот само вели дека жали што не ги проверила своите дигестивни проблеми порано.

„Ако ги проверев сите проблеми со стомакот наместо само да мислам дека имам нетолеранција на лактоза, работите можеби ќе беа поинакви“, додава таа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
19-годишна девојка за нападот од ајкула: „Ме зграпчи во плиткото, ја претепав со слободната рака“ „Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg