Познат порно актер опишува како го повредил половиот орган на снимање: „Сега не смеам ниту да добијам ерекција“ (18+)
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
„Не мислев дека е сериозно, но по неколку часа пенисот ми отече и стана модар. Морав да одам на операција затоа што го скршив пенисот додека снимав“ – вели австралискиот порно актер Лиам Елис кој раскажува како дошло до тоа да го повреди половиот орган за време на снимање.
Австралискиот порно актер Лиам Елис деновиве детално објасни како го повредил половиот орган за време на снимање секс сцена.
Како што вели, повредата се случила додека снимал со уште една девојка и уште еден маж, кога се здобил со повреда.
„Значи имав секс... И пенисот ми се лизна и излезе и набрзина се придвижив, но не беше наместен како што треба. Заради ова пенисот ми се свитка и пукна и добив фрактура на пенсиот“ – раскажува 34-годишниот актер.
Лиам вели дека во моментот на повредата не чувствувал болка, но по неколку часа сфатил што му се случило.
„Не мислев дека е сериозно, но по неколку часа пенисот ми отече и стана модар“ – раскажува актерот и вели дека заради тоа веднаш почнал да истражува на интернет и сфатил дека има фрактура на пенисот.
По ова, актерот веднаш имал операција во болница и нема да смее да снима филмови најмалку еден месец.
„Не смеам ништо да правам. Ако добијам ерекција ќе имам поголеми проблеми, па затоа ми препишаа лекови за да бидат сигурни дека тоа нема да се случи“ – раскажува тој.
Дополнително актерот вели дека стравува дека никогаш нема целосно да заздрави од повредата, а се плаши дека повторно во иднина би можел да му се случи истиот инцидент.
Б. С. Б. | Црнобело