„Јас сум инфлуенсерка - еве како глумам дека имам дупка меѓу бутовите“
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
„Дупка меѓу бутовите. Вакви колкови, таков струк... Сите овие работи се глупост – зошто? Затоа што зависат од нашата генетика. Или од тоа да знаете од кои агли да се снимате/сликате...“
Данае Мерсер, која живее во Дубаи, е инфлуенсерка со повеќе од 2.3 милиони следбеници и која секогаш ја прикажува реалната слика на работите.
Така овојпат таа откри како позира на посебен начин за на фотка да креира дека има дупка меѓу бутовите, нешто што е тренд кај инфлуенсерките.
Данае потоа открива како нејзиното тело навистина изгледа.
Таа објави видео и детално објасни што всушност прави:
Дупка меѓу бутовите. Вакви колкови, таков струк... Сите овие работи се глупост – зошто?
Затоа што зависат од нашата генетика.
Или од тоа да знаете од кои агли да се снимате/сликате.
И тоа е тоа. Тоа е целата вистина.
Не е фитнес. Еве како го правам тоа:
Го вовлекувам стомакот наназад, се истегнува за да ги издолжам нозете и да ги затегнам стомачните мускули.
Ги ротирам малку колената навнатре.
И додека ги правам овие две работи едновремено, не дишам.
И бум магија.
Можете да го правите тоа дури и кога одите. Само истегнете ја едната нога настрана, наместо како што правите пред вас и на фотографија ќе изгледа како дупка меѓу бутовите.
Лесно е.
Па, затоа нареден пат кога бутовите ќе ви се допираат или тријат, и мразите што се гледате во огледало и гледате дека немате дупка, ве молам не паничете. Не бидете под стрес. Не се разочарувајте.
И јас немам. И тоа е сосема во ред.
Затоа што фитнесот е за нашето здравје, а не е за дали имам простор меѓу бутовите.
Дали ме сфативте?“
Нејзиното видео:
С. С. | Црнобело