Бизарно: Маж кој се верил со кукла тврди дека „вереницата е бремена“ по третпат – ќе правеле и свадба
- Детали
- недела, 19 февруари 2023
Колумбиец кој е познат на ТикТок по неговата контроверзна врска со кукла вели дека куклата е „бремена“, како и дека веќе имале две деца. Бизарно, зарем не?
Маж од Колумбија кој тврди дека е верен со кукла која се вика Наталија, неодамна сподели дека „вереницата е бремена“, и тоа по третпат.
Контроверзниот тиктоктер, чие вистинско име не е познато, на социјалната мрежа споделува детали од неговата бизарна врска со кукла, а на профилот има над 70.000 следбеници.
Видеото во кое ги споделува новостие за „бременоста“ веќе има над 3 милиони прегледи.
@montbk5959
-->-->♬ Baby Shower - Calm music & Sleep Baby Sleep & Baby Lullaby Academy
Претходно, тој го привлече вниманието на колумбиските, но и неколку светски медиуми, откако изјави дека со куклата планира да направи голема свадба, како и дека веќе имаат син и ќерка.
Колумбиецот вели дека со години бил сингл, пред да ја сретне „љубовта на неговиот живот“.
Во неодамнешно ТикТок видео, тој сподели дека направил и забава со куклата по повод „бременоста“.
Во коментари, корисниците саркастично му честитаат, а некои дури и му поставуваат прашања како дали вереницата ќе се породи со царски рез.
Очекувано, тиктокерот се соочува со многу критики за неговата контроверзна врска, па во една прилика реши да се огласи во врска со нив:
„Ако не беа куклите, ќе бев поосамен од кој било друг. Вака барем имам нешто. Со мојата Наталија гледаме телевизија и разговараме за сè. Луѓето не знаат колку многу ја сакам“.
Бизарно, зарем не?
Спирова С. | Црнобело