Мајка (23) е пример како храбро се бори со ракот - ѝ бил откриен во бременоста, сопругот си ја избричил главата со неа
- Детали
- понеделник, 20 февруари 2023
Оваа мајка од Велика Британија е уште еден доказ дека во борбата со ракот, покрај силата на пациентот, клучна е поддршката од семејството, а во нејзината ситуација, се разбира, главна мотивација за борба ѝ е нејзината новородена ќеркичка.
Зои Пластирас (23) од Велика Британија открила дека има рак со големина на „грејпфрут“ во градите, додека била во осмиот месец од бременоста.
Но, бидејќи била во краен стадиум од бременоста, Зои не можела да прима терапија сè додека не ја роди својата ќерка Офелија.
Во меѓувреме имала биопсија и открила дека станува збор за не-Хочкин лимфом, стадиум 2.
Таа одлучила на нејзиниот Инстаграм профил отворено да говори за борбата и да споделува детали од процесот.
Поради хемотерапијата косата на Зои почнала да ѝ паѓа интензивно, па одлучила да си ја избричи главата, а во знак на поддршка тоа го направил и нејзиниот сакан.
„Не можам да бидам поблагодарна за поддршката од мојот партнер. Ова беше многу емотивен момент за мене и ми го скрши срцето. Сега, мразам што изгледам како пациент со рак и чувствувам како да ми недостига дел од мене...
Но, знам дека ќе се вратам подобра и посилна, иако мора да признаам дека дијагнозата ми дојде како шок.“
Зои е уште еден доказ дека во борбата со ракот, покрај силата на пациентот, клучна е поддршката од семејеството, а во нејзината ситуација, се разбира, главна мотивација за борба ѝ е нејзината новородена ќеркичка.
С. С. | Црнобело