90-годишен маж секој ден вози 17km со велосипед за да ја види болната сопруга: „Само сакам да ѝ го слушнам гласот“

90-годишниот Питер од Холандија секој ден вози по 17 километри со велосипед за да ја посети сопругата која престојува во дом за болни лица. Тој вели дека ќе направи буквално сè што треба, само за да помине повеќе време со неа.

90-godishen-starec-sekoj-den-vozi-17-kilometri-so-velosiped-za-da-ja-vidi-bolnata-sopruga-samo-sakam-da-go-slushnam-glasot-01.jpg

Питер Буркард од Холандија има 90 години, но возраста не го спречува секој ден да вози по 17 километри со велосипед за да ја види својата сопруга.

Сопругата и Питер се заедно 63 години, а таа живее во дом за нега на болни лица.

Цели седум години, Питер не поминува ниту еден ден без да ја посети сопругата и скоро секојпат оди со велосипед.

Вели дека му треба околу еден час за да стигне до болницата, но кога има силен ветар, патувањето може да трае и подолго.

90-godishen-starec-sekoj-den-vozi-17-kilometri-so-velosiped-za-da-ja-vidi-bolnata-sopruga-samo-sakam-da-go-slushnam-glasot-05.jpg

Ни дождот ни студеното време не го спречуваат Питер да ја посети саканата - во зима, тој само облекува потопла облека, а ако има дожд, носи мантил.

„Студот не ми пречи, а кога врне, можете да облечете мантил за дожд. Па, секогаш одам да ја посетам сопругата. Сакам да бидам со неа секој ден.

Не можам да издржам кога ми недостасува. Претходно одев со автомобил, но сега одам само со велосипед“, открива Питер за холандски медиум.

Питер открива дека дури и да сака да оди со автомобил, нема да може поради возраста и фактот дека долг период нема автомобил.

90-godishen-starec-sekoj-den-vozi-17-kilometri-so-velosiped-za-da-ja-vidi-bolnata-sopruga-samo-sakam-da-go-slushnam-glasot-02.jpg

Сепак, ако временските услови се многу лоши, тој вика такси или го носи некој од неговите синови.

„Секогаш стигнувам до сопругата“.

90-godishen-starec-sekoj-den-vozi-17-kilometri-so-velosiped-za-da-ja-vidi-bolnata-sopruga-samo-sakam-da-go-slushnam-glasot-06.jpg

А, неговата сопруга не ни знае дека тој доаѓа со велосипед. Питер не открива конкретно, но најверојатно сопругата има проблеми со сеќавањето поради здравствената состојба.

„Таа навистина не знае. Но, кога ќе дојдам, забележувам дека ме прегрнува понекогаш“.

90-godishen-starec-sekoj-den-vozi-17-kilometri-so-velosiped-za-da-ja-vidi-bolnata-sopruga-samo-sakam-da-go-slushnam-glasot-03.jpg

90-годишниот старец вели дека ќе направи сè во негова моќ за да минува што повеќе време со саканата.

„Сакам да ја видам, сакам да ѝ го слушнам гласот. Кога ќе влезам во домот, веднаш знам каде е. Таа не е иста како порано, но јас уште сум вљубен во неа“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg