74-годишна жена критикувана за стилот на облекување: „Не ти личи на годините да носиш бикини“

„Не сме невидливи. Се облекувам како сакам за мојата возраст“ - 74-годишната Колин е модел и ТикТок ѕвезда, која одбива да ги прифати општествените стандарди, и и покрај критиките, позира разголена, носи мини фустани, штикли, кожени и искинати панталони, и не се грижи што ја осудуваат дека не ѝ личи на годините. 

74-godishna-zhena-kritikuvana-za-stilot-na-oblekuvanje-ne-te-lichi-na-godinite-da-nosish-bikini-01.jpg

Колин Хајдман е 74-годишен модел од Лос Анџелес, а воедно и ТикТок ѕвезда, за која возраста не е никаква пречка да биде во чекор со модата и трендовите на денешницата.

На социјалните мрежи таа често објавува фотки од нејзините модни аутфити кои најчесто се младолики, за што добива многу позитивни коментари, но и критики.

Сепак, критиките очигледно не ѝ се важни и таа знае како да ужива во животот онака како што таа сака, а не како што општеството налага.

Носи мини фустанчиња, здолништа, кожени панталони, високи чизми и штикли, искинати панталони и не се грижи за тоа што некој мисли дека тоа не е соодветно за нејзините години.

„Овој костим за капење не е соодветен за твоите години – велат тие... А, јас велам – носете што и да прави да се чувствувате убаво. Секое тело е тело за костим за капење“ - вели таа во едно видео по низата негативни коментари. 

@

♬ -

Колин е поранешна стјуардеса, која кариерата како модел ја започнала на речиси 70 години и се прослави покажувајќи го своето добро одржано тело и елегантните аутфити, но и охрабрувајќи ја со својот стил секоја жена да се носи како што сака.

„Не дозволувајте другите да ве оформуваат. Силни сме, не невидливи. Се облекувам како што сакам за мојата возраст“ – порачува таа во едно од многуте видеа.

@colleen_heidemann

I DRESS MY AGE HOWEVER I WANT!!! #dressyourage #styleover70 #fashionover70 #beyou #antiageism #dresswhoyouare

♬ original sound - Colleen Heidemann
;

Покрај многуте критичари, таа има огромен број фанови, кои се инспирирани од нејзиниот стил и начин на живот, па постојано ѝ упатуваат пофални зборови.

Погледнете повеќе стајлинзи од Колин: 

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg