Pornhub ги открива најпопуларните пребарувања во 2022 година
- Детали
- вторник, 14 февруари 2023
Pornhub - најголемата и најпозната интернет страница за порнографија на интернет, ја објави својата листа од најжешките трендови, термини, пребарувања и преглед на сè што се случило во текот на 2022 година.
Статистичарите наведуваат дека врвните пребарувања на Pornhub често се под влијание на поп-културата и други светски настани, а многу од овие термини ја дефинираат 2022 година не само на Pornhub, туку и во главните медиуми.
Ова се податоците што ги објавија:
Најпребарувана категорија: Reality
Оваа категорија била пребарувана за +169% и стана една од топ 20-те категории, додека популарноста на категоријата „Аматери“ е малку намалена за -19%.
Нивните статистичари теоретизираат дека како што сè повеќе аматерски модели стануваат изведувачи со полно работно време, квалитетот на нивните видеа е подобрен, но посетителите сè уште бараат вистинско домашно порно искуство.
Останатите категории во топ 5 се:
- Transgender
- Group sex
- Outdoors
- Positions
Најпребаруван термин: Hentai (сексуализирани аниме ликови)
Светското пребарување број 1 на Pornhub во 2022 година e „hentai“.
Останатите термини во топ 5 се:
- Japanese
- Milf
- Lesbian
- Step mom
Земји кои најмногу гледале порно во 2022 година
САД продолжуваат да бидат земја со најголем дневни пребарувања, а потоа следи Обединетото Кралство. Во 2022 година, Франција се премести на листата пред Јапонија, Мексико пред Италија и Германија пред Канада.
Рангирањето на Египет се зголемило за +7% и ова е првпат да се приклучи на топ 20.
Просечна возраст на посетителите
Преку Google Analytics, статистичарите на Pornhub ја открија најверојатната возраст и полот на посетителите. Просечната возраст на посетителитее е 37 години за 2022 година, при што групата од 18 до 24 години се зголеми за +2%, а возрасната група од 35 до 44 години опадна за -2%.
M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com