Девојка се жали за големите гради: „Постојано со нив буткам работи од масата, удирам и луѓе во продавница“ (18+)

Инфлуенсерката Анастасија вели дека ги сака своите големи гради, но истакнува дека ѝ предизвикуваат многу проблеми – не може да лета со економска класа бидејќи нема место, тешко ѝ е да си најде облека, а и луѓето постојано гледаат во неа поради што се чувствува непријатно.

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-01.jpg

Додека многу жени и девојки сонуваат за поголеми гради, оние кои ги имаат многу добро знаат дека некогаш можат да бидат и проблематични.

Од болки во грбот, до непријатни погледи на улица, големите гради навистина можат да бидат причина за многу проблеми.

Ова одлично го знае 26-годишната Анастасија Бертиер, која е модел и Инстаграм инфлуенсерка.

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-03.jpg

Младата девојка вели дека иако го сака нејзиното тело, градите честопати ѝ создаваат непријатни ситуации.

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-04.jpg

Анастасија, која има над 1,5 милиони следбеници на Инстаграм, вели дека постојано бутка работи со градите, па дури и дека не може да лета со економска класа во авион.

„Секогаш летам со бизнис или прва класа, особено ако станува збор за долг лет. Причината е тоа што само со овие летови имам доволно место, но и повеќе приватност“.

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-02.jpg

„Градите ми предизвикуваат многу инциденти – некогаш ми е навистина непријатно. Постојано буткам работи со нив од масата. Исто така, многупати удирам и луѓе со нив кога сум во продавница“.

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-06.jpg

Анастасија, која потекнува од Русија, вели и дека купувањето облека е вистински предизвик.

„Кога пробувам нешто во продавница, многу често се заглавувам и не можам да го соблечам. Некогаш ја кинам облеката за да ја соблечам“.

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-08.jpg

За девојката, уште поголем проблем е наоѓањето соодветна долна облека.

„За жал, нема шанси да си најдам нешто во Victoria’s Secret. Обично нарачувам градници онлајн, од специјализирани продавници за жени со големи гради.

Проблемот е тоа што е тешко да најдам градници со доволно големи жици, па некогаш ми ги прават по нарачка“.

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-05.jpg

Друг проблем се и погледите од луѓето на улица кои неретко прават Анастасија да се чувствува непријатно.

„Еднаш бев на јавање и носев маичка со деколте. Сè беше во ред додека коњот не почна да трча и градите ми излегоа од маицата. Воопшто не го очекував тоа и не можев ни да си ја наместам маичката бидејќи коњот трчаше многу брзо.

Во тој момент, поминуваше автомобил и возачот почна да зјапа во мене и речиси изгуби контрола над автомобилот“.

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-09.jpg

И покрај бројните незгоди, Анастасија вели дека научила да го сака своето тело и не планира да ги намалува градите.

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-10.jpg

devojka-se-zhali-za-golemite-gradi-postojano-butkam-raboti-od-masata-ne-sakam-koga-lugjeto-gledaat-vo-mene-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg