Маж од Индија 43 години сади по едно дрво секој ден: „Сакам земјата да биде поубава за идните генерации“

На возраст пд 16 години овој човек почнал да сади по едно дрво секој ден. Денес има шума што се протега на 15 фудбалски игралишта.

jadav-molai-pajeng-chovekot-koj-43-godini-sadi-drvja-i-uspeal-da-sozdade-bujna-zelena-shuma-koja-sega-e-dom-na-mnogu-zhivotni-01.png

Јадав Пајенг ја добил титулата „Човек од шумата“ од владата на Индија, затоа што претворил земја во бујна зелена шума. Му биле потребни 30 години за земјата да се претвори во шума, а почнал да сади во 1979 година и тоа го прави и денес.

Во 1979 година, на возраст од 16 години, тој почнал да сади по едно дрвце дневно.

Денес, со таа практика на едно дрво на ден, тој сам создаде шума која се протега на големина од 15 фудбалски игралишта.

Шумата на Пајенг е именувана како шума Молаи (бидејќи така го нарекувале кога бил дете), а посетителите и еколозите патуваат од целиот свет за да ја видат.

Сега шумата е дом на многу птици и други животни кои уживаат во зелените дрвца.

Според експертите за диви животни, шумата привлекува 80% од птиците преселници во светот.

Шумскиот човек од Индија вели дека децата мора да се научат да садат дрвца или семиња кога се на училиште, а исто така и како да се грижат за нив.

Ова е единствениот начин на кој луѓето ќе сфатат дека почитувањето на природата е клучно за нашиот сопствен опстанок.

jadav-molai-pajeng-chovekot-koj-43-godini-sadi-drvja-i-uspeal-da-sozdade-bujna-zelena-shuma-koja-sega-e-dom-na-mnogu-zhivotni-02.png

jadav-molai-pajeng-chovekot-koj-43-godini-sadi-drvja-i-uspeal-da-sozdade-bujna-zelena-shuma-koja-sega-e-dom-na-mnogu-zhivotni-05.png

Тој за националната телевизија во Индија изјавува:

„Климатските промени се забрзаа и не сме ни сигурни дали ќе преживееме. Нашите грешки ги доведоа во опасност помладите генерации.

Не ја работам оваа работа за себе, ја правам за да ја направам земјата подобро место и да ги научам луѓето на потребата да го прават тоа.“

jadav-molai-pajeng-chovekot-koj-43-godini-sadi-drvja-i-uspeal-da-sozdade-bujna-zelena-shuma-koja-sega-e-dom-na-mnogu-zhivotni-04.png

Откако приказната на Јадав стана вирална, тој патува низ Индија и светот, за да одржува разговори и да присуствува на конференции за климатските промени и еколошките прашања.

Но, каде и да оди, неговото срце чука за неговиот дом.

„Каде и да одам, копнеам да се вратам во мојата шума. Во странство сè е убаво, но нема место како мојата шума. Луѓето трошат пари за да видат тигри, носорози и слонови. Можам да ги видам во мојот дом, бесплатно.“

jadav-molai-pajeng-chovekot-koj-43-godini-sadi-drvja-i-uspeal-da-sozdade-bujna-zelena-shuma-koja-sega-e-dom-na-mnogu-zhivotni-03.png

M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg