Иранец (20) е прогласен за најнискиот маж на светот според Гинис – што знаеме за него?
- Детали
- среда, 25 јануари 2023
Не можел да посетува училиште поради својата големина, а своето име научил да го пишува неодамна – кој е 20-годишниот Иранец, што е прогласен за новиот најнизок човек на светот според Гинис?
Афшин Исмаил Гадерзадех (20) од Иран, кој е роден со 700g тежина, сега тежи 6kg, a e висок само 65,24 cm, е најновиот рекордер и ја носи титулата најнискиот маж на светот.
Тој е речиси 7cm понизок од последно запишаниот најнизок маж во Гинисовата книга на рекорди, Едвард 'Нињо' Хернандез (36) од Колумбија.
„Поради неговите третмани заради висината, мојот син беше спречен да посетува училиште, затоа не успеа да научи да чита, не затоа што има попреченост“, вели неговата мајка.
Во продолжение неколку факти за него:
Сон му било да биде градежник како татко му, но поради неговата висина скоро и да не постои работно место за него.
„Телефоните ми се тешки за носење, но сепак успевам да ги користам“, споделува Афшин.
Ја посетил Бурџ Халифа во Дубаи, највисоката зграда на светот, затоа што тоа била една од неговите најголеми желби.
Тој живее скромно со неговите родители во семејната куќа, но иако тие макотрпно работат, сепак не успеваат сосема да обезбедат доволно средства за лековите и терапиите кои тој мора да ги прима.
Иако најнискиот човек на светот може самостојно да оди, сепак за да оди некаде тој постојано е придружуван од еден од неговите родители и е носен на раце.
Поради неговата необична појава, тој е многу популарен на социјалните мрежи и има ангажирано човек кој ќе го средува неговиот Инстаграм профил.
М. Л. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





